Си почнала со надеж… а завршуваш со фрустрација. Секој понеделник „од почеток“, секој пат истото ветување: „Овојпат ќе издржам“. И после неколку дена глад, нервоза, вина.
Доста е! Не ти е тежок периодот, туку си навикната да бегаш!
Во последно време ми пишуваат многу жени со една иста реченица:
„Не ми е сега период… имам обврски, сега сум под стрес, ќе почнам наскоро…“
Вистината зад прекумерната тежина и убавината на промената
Не се работи само за изгледот.
Се работи за тоа како се чувствуваш кога стануваш од кревет.
Како дишеш кога се качуваш по скали.
Како ти трепери срцето – не од љубов, туку од напор при секое движење
Мотивација
Кето, УН, Обединети Нации, Липосукциска диета... познато ти е?
Да, знам дека си ги пробала сите можни диети и си прегладнувала за да ја намалиш твојата телесна тежина. Но, на крајот добиваш фрустрации и стрес, враќање на оние малку килограми кои си ги изгубила, а некогаш и дупло.