Првиот чекор со кој го саботираш слабеењето

Си почнала со надеж… а завршуваш со фрустрација.
Секој понеделник „од почеток“, секој пат истото ветување: „Овојпат ќе издржам“.
И после неколку дена глад, нервоза, вина.
Се гледаш во огледало и мислиш дека проблемот е во тебе… дека ти немаш дисциплина.

Но вистината е поинаква.

Проблемот не е што не се трудиш доволно. Проблемот е како започнуваш.

Ако со месеци (или години) си се хранела на еден начин, нередовно, брзо, со многу шеќер или без структура… И одеднаш одлучиш „од утре“ да јадеш едно јаболко, салата и ништо друго тоа не е дисциплина.
Тоа е шок за телото и умот!

И токму тука е клучот за неуспех.

Телото не сака екстреми. Мозокот се бори против рестрикција.
И резултатот?
Прегладнување → прејадување → вина → откажување.

Овој циклус не значи дека си слаба. Значи дека стратегијата ти е погрешна.

Ако до вчера си јадела по 3 чоколади дневно немој утре да се казниш со „нула“.

Намали на 2 ипол.
После на 2.
После на 1.

Телото не бара совршенство. Бара континуитет.

Почни да додаваш, не само да одземаш.
Додај протеини во оброците јајца, месо, јогурт, леќа…
Тие ќе те заситат и ќе ти го намалат апетитот природно.

Додај зеленчук покрај секој оброк не за казна, туку за баланс.
Додај вода наместо уште еден сок.
Додај движење не мора теретана, почни со 20 минути одење.

Ова е разликата што ретко кој ти ја кажува:  успехот не доаѓа од тоа што одеднаш ќе смениш сè.
Доаѓа од тоа што ќе смениш нешто и ќе го ЗАДРЖИШ НИЗ ЖИВОТОТ.

Слабеењето не треба да биде казна. Не треба да биде борба со себе.

Треба да биде паметен избор.

Да научиш како да комбинираш храна што те заситува.
Да внесеш структура без да се лишуваш.
Да градиш навики што можеш да ги одржиш, а не 5 дена, туку со години.

Не ти треба „совршена диета“. Ти треба систем што ќе работи за тебе, не против тебе.

Затоа, следниот пат кога ќе сакаш да почнеш „од понеделник“…
не почнувај со казна.

Почни со мали победи што ќе те однесат далеку.