Доста е! Не ти е тежок периодот, туку си навикната да бегаш!

Во последно време ми пишуваат многу жени со една иста реченица:

„Не ми е сега период… имам обврски, сега сум под стрес, ќе почнам наскоро…“

И секогаш си мислам истото! Н е е проблемот во периодот.

Проблемот е што тој „тежок период“ трае со месеци. Некогаш и со години.

Животот нема одеднаш да стане совршено мирен за конечно да решиш да се ставиш себе на прво место. Секогаш ќе има нешто, работа, деца, куќа, емоции, притисок, грижи.
Прашањето не е дали ќе исчезнат… туку дали ти ќе научиш да функционираш и покрај нив, дали ќе се кренеш на едно повисоко емоционално и ментално ниво, дали ќе бидеш физички задоволна од себе за секоја ситуација да ја решаваш полесно и да ја гледаш од друг аспект! Дали животот ќе ти стане полесен за 20кг, но и за секојдневието кое денес те гуши!

Многу жени несвесно живеат во ист шаблон:

  • кога им е тешко  јадат ,
  • кога се уморни одложуваат ,
  • кога се под стрес се повлекуваат .

И така се создава илузија дека си „во тежок период“. Но вистината е поинаква  тоа станало навика.

Емоционалното јадење не го лечи стресот.
Одложувањето не го решава заморот.
А "ќе почнам однпонеделник" не ја носи промената.

Тоа се само мали бегства што те вртат во круг и на крај остават само празнина и вина.
И чувството дека сакаш да тргнеш, ама нешто постојано те влече назад.

Длабоко во себе знаеш дека можеш повеќе.
Само што толку си навикната да се бориш со „периодот“, што забораваш дека  ти си посилна од него.

И знаеш што е најважниот момент?

Тоа освестување дека не ти треба совршен момент за да почнеш.

Затоа што совршен момент за жал  не постои.

Постојат само денес. И одлука.

Одлука дека нема повеќе да чекаш.
Одлука дека е доста од одложувања, изговори и самосомнеж.
Одлука дека заслужуваш да се грижиш за себе дури и кога ти е тешко.

Промената не почнува кога ќе имаш време.
Промената почнува кога ќе решиш дека ти си приоритет.

И не, не мора да почнеш совршено.
Не мора сè да биде под конец.
Само треба да направиш еден мал чекор. Денес.

Пешачи. Испиј вода. Избери здрав оброк. Напиши три збора што те мотивираат.
Било што само направи го.
Бидејќи секое „ќе почнам утре“ те држи таму каде што си.

А ти не сакаш да останеш таму, нели?

Доста е.
Почни нежно, но решително.
Почни за себе. 

Ако си свесна дека не можеш сама, биди дел од нашиот тим со неизмерна поддршка каде повеќе од 3000 девојки си го променија телото, но и целиот живот! 

А секоја жена заслужува да изгледа добро и да се чувствува добро!

Пополни прашалник и добиј го целиот процес за -20кг!

КЛИКНИ ОВДЕ ПРАШАЛНИК

Пиши ми во порака ПОПОЛНЕТО.

unnamed (1).png